fbpx

СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе амандман во Собарнието со кој се бара финансиска поддршка за семејствата на загинатите и повредените во најголемата трагедија во поново време — пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 62 лица, а над 250 беа повредени со трајни последици.

– Ова е еден од клучните амандмани поднесени на ребалансот на Буџетот, со цел да се предвидат 934.340.000 денари како директна помош за погодените семејства. Средствата предвидуваат еднократен надомест за загинатите и финансиска поддршка на повредените, во согласност со степенот на инвалидност – рече пратеникот на СДСМ Оливер Сапсовски на денешната комисиска расправа за ребаланс на буџетот.

Сапсовски потенцираше дека овој амандман е продолжение на иницијативата на СДСМ за носење на Законот за поддршка на настраданите во Кочани — закон што сè уште чека да биде разгледан во надлежната комисија.

– Очекувавме разбирање, солидарност и човечност во оваа постапка, особено затоа што се работи за директна помош на луѓе кои преживеаја хорор, а многу семејства загубија најмили. За жал, власта реши да не покаже ниту политичка ниту човечка волја да застане зад оваа иницијатива. Наместо единство и одговорност, видовме блокада и игнорирање на најголемите страдања на нашите граѓани – потенцираше Сапсовски.

СДСМ останува цврсто посветен на принципите на солидарност и хуманост. Подготвени сме да ги повлечеме сите останати амандмани, доколку власта се премисли и го прифати овој – затоа што веруваме дека нема поважна тема од оваа.

– Ниту едно патче, ниту еден канал, ниту едно вработување не е поважно од тоа да помогнеме таму каде што болката е најголема. Ова не е прашање на политика, туку прашање на човечност. Повторно повикуваме на разум и солидарност. Народот во Кочани и цела Македонија заслужува да знае дека институциите не се глуви на нивната болка – рече Сапсовски.

Линк до видео: https://youtu.be/0OdkDmp1Bnw

Последни вести