fbpx

МЗШВ потврди дека тендер од 25 милиони евра е незаконски доделен на фирми блиски до власта

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Свесно или не, со својот демант МЗШВ потврди дека незаконски распишале оглас на 12.12.2015 година, без да биде обезбедено одобрение од Владата

МЗШВ потврдија дека не го почитувале Законот за јавни набавки, член 26-а, став 2 каде изречно пишува дека е потребно одобрение од Влада, а не одобрен повеќегодишен акционен план на Владата.

На одржаната прес конференција, јасно и прецизно нагласивме дека се работи за незаконска постапка за изградба на брана Речани на Оризарска река – општина Кочани, а не како што стои во демантот на МЗШВ за изградба на пристапен пат до Оризарска река.

Затоа уште еднаш прашуваме, зошто е објавен тендер, без да биде обезбедено одобрението од Владата?

Зошто е постапено спротивно на член 26-а, став 2 од Законот за јавни набавки, во кој јасно се нагласува дека постапката за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка, започнува врз основа на одобрение кое го издава Владата на РМ?

Молчењето, неодговарањето на поставените прашања, криењето на фактите и вистината нема да ги спаси од одговорност.

Наближува денот кога секој што работел спротивно на законот ќе одговара.

 

Љупчо Николовски

Дополнителен заменик министер
за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Последни вести