Соопштение за јавност
Денес, дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, м-р Александар Кирацовски, оствари средба со претседателот и претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија – УПОЗ .
На средбата со претставниците од УПОЗ, се разговараше за потребата од подобри услови за работа и подобрување на стандардот на вработените во јавниот сектор, потребата од укинување на казненото оценување врз вработените од јавниот сектор, ново, флексибилно работно време, како и за сериозна промена во голем дел од Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор.
Заменик министерот, Кирацовски ја изрази својата подготвеност и одлучност да придонесе барањата на УПОЗ, кои се во насока за постигање на професионална ефективна и мотивирана администрација во интерес на граѓаните на Република Македонија, да бидат во целост спроведени во периодот кој следува.
Меѓу другото, Кирацовски, ја акцентираше општествената потреба за силно и активно синдикално делување на синдикалните организации и изрази целосна подготвеност, да даде значен личен придонес кон оваа цел.