fbpx

СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Јовица Јанковиќ, СДСМ

СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ молчи и не одговара на прашањето дали „Алказар енерџи“ има или не одобрение за градба?

На овој начин ВМРО-ДПМНЕ само потврдува дека доаѓаат матни времиња во енергетскиот сектор. Договорања зад затворени врати со лични, приватни интереси на поединви од врвот на власта.

Денес, јавноста не знае ништо за инвестициите кои во енергетиката ги најавува ВМРО-ДПМНЕ и наводно тежат над 1.5 милијарда евра.

Клучните прашања се без одговор, граѓаните ништо не знаат.

Ако навистина станува збор за проекти од јавен интерес, зошто бегаат од одговорите? Нека излезат и нека кажат:

Кој е бенефитот за граѓаните?

Ќе биде ли струјата поевтина за граѓаните од берзанската?

Кој ќе ја гарантира цената ако повторно, како во енергетската криза, скокне над 500 евра за мегават-час?

Нема одговори затоа што очигледно за жал во позадина се кријат лични бизнис интереси.

Фактите говорат дека ЕСМ во 2024 година произведе помалку, околу 3.600 GWh, а оваа година бројките се уште полоши.

Казанџи, според најавите на Мицкоски, ќе произведува 4.100 GWh, а Алказар – над 1.200 GWh.

Со други зборови, државната ЕСМ ќе го изгуби приматот како најголем производител во земјава. Тоа ли е интересот на граѓаните?

Кој ќе ја гарантира евтината струја за домаќинствата, која сега ја обезбедува ЕСМ?

Очигледно е – од овие нетранспарентни договори бенефит ќе имаат само блиски до власта, не и граѓаните. Нема ниту еден аргумент како овие проекти ќе го подобрат животниот стандард или ќе донесат развој за државата.

Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да излезе пред јавноста со конкретни бројки и детална пресметка:

-Колкав е јавниот интерес? Кој е финансискиот ефект за граѓаните и буџетот од овој проект?

И повторно бараме:

Јавно објавување на дозволата за градба за „Алказар енерџи“, на чиј „почеток на градба“ присуствуваше премиерот Мицкоски. Ако ја има.

Ги повикуваме надлежните институции по допрен глас, да го истражат овој случај.

Нема скриени зделки за сметка на граѓаните.

Последни вести