Соопштение за јавност
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се вознемирени бидејки на изборите за 40-тина дена не можат да користат 200.000 измислени и злоупотребени гласови.
ДИК потврди фрапантен податок, дека во Македонија има едвај 1.500.000 гласачи.
Според вкрстените бази на податоци, административните проверки во МВР и теренската проверка на ДИК, Државната изборна комисија едногласно во Извештај констатираше дека околу 33.000 се непостоечки граѓани, а околу 170.000 граѓани не живеат во Македонија.
Тоа значи дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ користеле за гласање 33.000 фантоми и злоупотребувале идентитети на околу 170.000 граѓани кои живеат во странство, во криминалните избори што ги спроведувале.
За овие избори, направено е тоа што требало да се стори одамна, фантомските гласачи се избришани од Избирачкиот список, а граѓаните од дијаспората со право на глас се префрлени во посебен дел од списокот.
На регуларни избори граѓаните ќе ги поразат обвинетиот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе гласаат за живот во Македонија.
Скопје, 30.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА