fbpx

Точно, економски раст и живот ќе има од следната година, без власта на Груевски!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски не може повеќе да ги излаже граѓаните, бидејки кога тие ќе погледнат во своите фрижидери, знаат колку тешко го преживуваат денот.

Груевски не може да ги излаже ни странските инвеститори кои не доаѓаат или доаѓаат па си одат поради лошите услови за работа во Македонија.

Појасни првиот човек на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели, “атрактивноста на целата економија, макро-економијата, фискалната економија – сите тие се фактори што инвеститорите ги земаат предвид“.

Ете поради тоа што условите за водење бизнис се само на хартија, Македонија е на дното по странски инвестиции во регионот и Европа.

Затоа и 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија.

10.000 домашни фирми ставија клуч на врата.

Блокирани се сметките на над 21.000 домашни фирми.

Според последниот извештај на Светска банка намалени се приватните инвестиции, што значи дека е намалена инвестициската активност на домашните фирми. Светска банка изрази и загриженост за историското задолжување на Македонија од 5 милијарди евра.

Затоа, единствено точно од изјавата на Никола Груевски е дека од следната година ќе има поголем екомонски раст и подобар живот за граѓаните, зошто тогаш ќе ги нема на власт Груевски и фамилијата. За 43 дена одговорна Влада ќе се грижи за граѓаните и за Република Македонија.

 

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести