fbpx

Наумов се сретна со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов денес оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа.

Денешната средба е продолжение на посетите што дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов ги остварува со стопанските комори во Република Македонија. Во наредниот период ќе се оддржат средби и со останатите комори, здруженија и асоцијации.

Средбите со групациите на македонските компании се од исклучителна важност при креирањето на идните економски политики и истите ќе се оддржуваат на редовна основа.

 

Во продолжение, интегрален текст од изјавата на дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов:

Ова е една од серијата средби коишто ги имам со стопанските комори во последниот период. Овие средби ќе продолжат и понатаму, со другите здруженија и асоцијации на бизнисмени.

Целта на оваа средба, по моја иницијатива, со Стопанската комора на Северозападна Македонија, беше да ги слушнеме директно, од прва рака, нивните искуства околу бизнисот, односно она што се случува во последниот период во државата.

Слушнавме многу конкретни добри забелешки, добри мерки, коишто се прифатливи и брзо применливи и коишто понатаму можат да овозможат многу подобра бизнис клима и раст и развој на македонската економија.

Заклучивме, и останувам на тоа дека домашните компании, пред се малите и средни компании мора да бидат основа за понатамошниот раст и развој на државата и мислам дека тие мораат понатаму да бидат многу повеќе подржани, за разлика од тоа што се случува до сега.

Исто така заклучивме дека мора да постои финансиска дисциплина, односно мора државата да ги исполнува навремено сите обврски кон бизнисот, односно кон стопанствениците. Притоа не може да не ги исполнува обврските, а истовремено да бара од бизнисот да тие ги исполнуваат обврските навремено или да ги блокира нивните сметки.

Нема да дозволиме во предизборниот период било каков политички притисок од страна на државата кон бизнис заедницата. Останувам на располагање за било кои проблеми кои понатаму можат да ги имаат компаниите.
Верувам дека со завршување на кризата, со примена на вакви мерки, со грижа кон домашните приватни компании, следува период на брз раст и развој на Република Македонија.

 

 

Последни вести