Соопштение за јавност
Ако нема застој во изградбата тогаш каде се работниците на терен и каде е механизацијата?
На фотографиите во прилог може да се види дека денеска, на 17 дена по сликањето на Јолевски и Груевски пред камери, остана само празна ливада со камен темелник, не е обележано дека се работи за градилиште, нема основна инфраструктура како струја, одвод, водовод, пат.
Ова е доказ дека ветената зграда за војниците не се гради, Јолевски и Груевски повторно ги излажаа припадниците на АРМ.
Скопје 18.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА