Соопштение за јавност
Со забраната за влез на новинарските екипи во барокниот дворец – седиште на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија уште еднаш покажа дека не се залага ниту за отчетност ниту за медиумски слободи.
Ова докажува дека врхушката од ВМРО-ДПМНЕ не сака да се види расипништвото и луксузот кој е сместен во седиштето на најбогатата партија во Европа. Додека народот секојдневно се бори со сиромаштијата, ВМРО-ДПМНЕ го крие својот имот вреден над 60 милиони евра.
Образложението дека немало просторни услови во зграда од 33 илјади квадратни метри не само што е смешно, туку е и директна навреда на интелегенцијата на новинарите и граѓаните во Македонија.
Скопје, 14.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА