fbpx

Оставката на директорот на ЕЛЕМ – потврда за катастрофалните политики во енергетскиот сектор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со денешната оставка на директорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски се потврдија катастрофалните политики што неспособните кадри на ВМРО-ДПМНЕ ги водат во енергетскиот сектор. Заради несовесното работење изминативе 10 години граѓаните плаќаат за 100% поскапа електрична струја.

СДСМ со години алармираше на свесно уништување на енергетскиот систем во Македонија со апсурдните проекти што државната компанија ЕЛЕМ ги спроведуваше по нарачка на Никола Груевски.

Наместо да вложува во енергетскиот сектор и да го зголемува домашното производство на електрична енергија со што граѓаните ќе имаа пониски сметки за струја, ЕЛЕМ ги трошеше парите на граѓаните во Рајски градини и барокни фасади од неколку милиони евра.

Апелираме новоименуваниот директор веднаш да ги запре овие налудничави проекти.

Скопје, 28.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести