fbpx

Историја на партијата

Знаеме колку посветено работевме и што создадовме за граѓаните и за Република Северна Македонија. Знаеме и што можевме да направиме подобро.

Како чесни и одговорни луѓе одлучно сме посветени да ја зацврстиме довербата кај нашите поддржувачи и да ја добиеме довербата на граѓаните со кои повеќе од кога било сме и потребни на Република Северна Македонија.

Се менуваме и се развиваме. Ги следиме исклучиво потребите на граѓаните и на државата. Се грижиме за секој човек и за Република Северна Македонија.

Ние сме државотворна партија.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како политичка партија е основана на 21 април 1991 година.

Одлуката за промена на името од СКМ–ПДП во СДСМ е донесена на 11 Конгрес на СКМ-ПДП, на иницијатива на Претседателството на ЦК од 14 февруари 1991 година и на предлог на ЦК на 23 февруари 1991 година.

Во нашите темели е социјалдемократската определба.

Нашите темели

Ги влечеме корените од традиционалните левичарски идеи што ја добиваат својата форма на Првата конференција на социјалисти во Македонија, сега Република Северна Македонија, на 3 (17) јуни 1900 година во селото Житоше – крушевско. Политичката група на Васил Главинов се определува за ослободителна борба на Македонија, сега Република Северна Македонија, и создавање независна република со еднакви права на сите граѓани без разлика на етнички, верски, културни или какви било други разлики.

Левите, социјалистички идеи имаа свои корени и во Македонската револуционерна организација, носител на прогресивната идеја за слобода и создавање независна држава, ослободена од влијанието на пропаганди од надвор. Меѓу најзначајните претставници на левото крило на револуционерното движење се Гоце Делчев и Никола Карев.

Суштински напредок во формирањето социјалистички и социјалдемократски организации е постигнат по победата на Младотурската револуција (1908). Во сите поголеми градови се создадени вакви ограноци.

Левите, социјалдемократски идеи имаат поддршка од населението и помеѓу двете светски војни.

Социјалдемократската идеја е најдоминантна во Втората светска војна преку Комунистичката партија на Македонија. Резултат е првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година коешто претставува почеток на формирањето на државата. Остварен е вековниот стремеж за независност и слобода на граѓаните во Македонија, сега Република Северна Македонија.

Овие вековни идеи и традиции се темелите на СДСМ.

До денес успешно се справуваме со сите клучни предизвици за државата.

Избори

На првите парламентарни избори, одржани 1990 година, Социјалдемократскиот сојуз, тогаш сè уште под името СКМ-ПДП, ги добива изборите во првиот круг, но ги губи во вториот изборен круг. Сепак поради тешкотиите во составувањето на Владата, формирана е техничка Влада во којашто учествува СДСМ. Со своето големо искуство, знаење и потенцијал, СДСМ дава огромен придонес во носењето на Уставот на Република Македонија, сега Република Северна Македонија, и поставувањето на темелите на државните институции.

СДСМ е носител на првата политичка Влада на Република Македонија, сега Република Северна Македонија, избрана на 4 септември 1992 година. Премиер е претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Оваа Влада има значајна улога за зачувување на стабилноста на државата во првите години од независноста, во состојба на ембарга, санкции и меѓународна изолација.

СДСМ со коалицијата Сојуз за Македонија ја доби довербата од граѓаните и на вторите парламентарни избори во 1994 година. Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски е претседател на Владата.

На претседателските избори, што се одржаа заедно со парламентарните избори, кандидатот на СДСМ и коалицијата Сојуз на Македонија, Киро Глигоров ја доби довербата од граѓаните уште во првиот изборен круг.

На локалните избори во 1996 година СДСМ доби најголема поддршка од граѓаните со доверени 54 градоначалнички места.

На парламентарните избори во 1998 година СДСМ освои 27 пратенички места како најголема опозициска партија во Собранието на Република Македонија, сега Република Северна Македонија.

За време на воениот конфликт, во клучни моменти за државата го потврдивме државотворниот капацитет. СДСМ влезе во Владата на национално единство. СДСМ е меѓу четирите партии потписнички на Охридскиот рамковен договор на 11 август 2001 и негов принципиелен поддржувач до денес.

На претседателските избори во 1999 година кандидатот на СДСМ Тито Петковски ја доби довербата на граѓаните во првиот изборен круг, но загуби во вториот изборен круг. Сите домашни и меѓународни релевантни организации констатираа огромниот број нерегуларности, неправилности и кршења на изборните правила.

На локалните избори во 2000 година СДСМ со коалицијата За Македонија заедно, ги доби градоначалничките места во сите поголеми општини и покрај големиот број нерегуларности.

На изборите во 2002 година коалицијата За Македонија заедно, предводена од СДСМ доби 60 мандати и е носител на новата Влада. Оваа Влада имаше за задача да ја стабилизира политичката, безбедносната и економската ситуација во државата по воениот конфликт и да го врати меѓународниот углед на земјата. Претседател на Владата е претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

На претседателските избори во 2004 година тогашниот претседател на СДСМ и претседател на Владата Бранко Црвенковски е избран за претседател на Република Македонија, сега Република Северна Македонија.

За нов претседател на Владата е избран Хари Костов. На вонредниот Конгрес на СДСМ за претседател на СДСМ е избран Владо Бучковски, кој ја предводи и Владата во периодот 2004 – 2006 година.

Во мандатот на оваа Влада, Северна Македонија го доби кандидатскиот статус за членство во ЕУ, а земјата е прифатена од меѓународната заедница и како сериозна кандидатка за членство во НАТО.

На локалните избори во 2005 година СДСМ во коалицијата За Македонија заедно доби 36 градоначалнички мандати, односно најголем број гласови од граѓаните на градоначалничките и советничките листи.

На парламентарните избори во 2006 коалицијата За Македонија заедно предводена од СДСМ доби 32 пратенички места.

На предвремените парламентарни избори, што за првпат од осамостојувањето на Република Македонија, сега Република Северна Македонија. се одржаа на 1 јуни 2008 година, коалицијата Сонце – Коалиција за Европа, предводена од СДСМ доби 27 пратенички мандати од граѓаните.

СДСМ ги загуби локалните и претседателските избори во 2009 година. Остварените резултати покажуваат намалување на соодносот со противникот и менување на расположението на граѓаните, но тие не се доволни за добивање на изборите. СДСМ доби градоначалници во Струмица (прв круг), Куманово (прв круг), Охрид, Карпош, Вранештица (прв круг), Ново Село, Дебарца (прв круг), во Македонски Брод.

Што се однесува до претседателските избори, претседателскиот кандидат на СДСМ Љубомир Данаилов Фрчкоски, загуби од неговиот противкандидат во вториот изборен круг.

За следните неколку изборни циклуси СДСМ има сериозни сомнежи за изборни криминали и докази за изборни криминали за спроведените изборни процеси, што се очекува да биде откриено.

Резултатите од предвремените парламентарни избори во 2011 година покажуваат добиени 42 мандата од СДСМ и коалицијата.

Резултатите на локалните избори во 2013 година покажуваат добиени 4 градоначалнички мандати на СДСМ и коалицијата: во Центар – Скопје, Струмица, Куманово и Ранковце.

Резултатите од претседателските избори во 2014 година, покажуваат дека кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски ги загубил од неговиот противкандидат.

Резултатите од предвремените парламентарни избори во 2014 покажуваат дека СДСМ и коалициските партнери добиле 34 мандати, како најголема опозициска партија.

Во 2016 година се оддржуваат предвремени парламентарни избори на кои СДСМ и коалицијата како најголема опозициска коалиција добиваат 49 мандати. Откако ВМРО-ДПМНЕ не успева да формира парламентарно мнозинство, Зоран Заев како лидер на СДСМ и коалицијата успева да собере 67 пратенички потписи, го добива мандатот за состав на новата Влада.

На 31 мај се изгласува составот на новата Влада предводена од СДСМ со Зоран Заев како премиер.

Во 2017 година се оддржуваат редовни локални избори на кои СДСМ во првиот круг добива градоначалници во 37 општини и градот Скопје, а во вториот круг СДСМ добива градоначалници во 19 општини. СДСМ забележува убедлива победа и добива 56 градоначалници, додека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ добива само 5 градоначалници

2018 е година кога се оддржува референдум со  се отвораат вратите за влез на Македонија во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, со зачуван и зајакнат македонски идентитет. Референдумот е консултативен облик, а граѓаните решаваат дали се за промена на името од Република Македонија во Република Северна Македонија со цел членство во ЕУ и НАТО. На референдумот од вкупно 666.743 излезени гласачи, 609.813 гласачи или 91 отсто гласаат ЗА, додека само 5.65 отсто се против.

На претседателските избори 2019 година СДСМ заедно со уште 29 други политички партии од сите етнички заедници, застана зад кандидатурата на Стево Пендаровски за иден претседател на државата.  Во вториот круг со 53.59 отсто освоени гласови Пендаровски станува шестиот претседател на државата. Во ист период се одржуваат и предвремени локални избори за градоначалници на општините Охрид и Ново Село на кои победуваат кандидатите на СДСМ.

На 15 јули 2020 година се оддржуваат десеттите по ред парламентарни избори во државата. СДСМ ја предводи најголемата, најбројната и најразноликата коалиција „Можеме“ која освојува 327.408 гласови и добива 46 мандати со што подоцна успева во согласниот рок да обезбеди парламентарно мнозинство и да формира Влада во која премиер е Зоран Заев.

На 15 декември се одржуваат предвремени локални избори за градоначалник на општина Штип. На фер, слободни, демократски и здравствено безбедни избори, победува кандидатот на СДСМ, доктор Сашко Николов со освоени над 11.400 гласови.