По примерот на поднесената пријава Тошковски да поднесе кривична и за Митревски кој не плаќа патарини

Соопштение – писмена реакција на СДСМ По примерот на кривичната пријава поднесена против началник од Кочани, Тошковски и МВР треба да поднесат кривична пријава и против Миланчо Митревски. Тој беше назначен за шеф на контрола на Наплатната служба на патарините во Петровец а исто така СДСМ објави и докази дека не плаќа патарини. Нека покаже […]

Лукаревска : ВМРО-ДПМНЕ едно зборуваше пред изборите, сосема друго прави кога се на власт

Соопштение за јавност   Откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт се намали просечната плата на граѓаните, а видовме и некој празни флоскули на бранот на патриотизмот, што е недозволиво во политиката да се докажуваме на граѓаните кој е поголем патриот. ВМРО-ДПМНЕ, едно говореше и ветуваше во кампањата, а сега сосема поинаку се однесуваат, откако се на […]

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче му ја честиташе победата на Доналд Трамп

Соопштение за јавност   Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче му ја честиташе победата на Претседателот на САД, Доналнд Трамп. -Во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, му ја честитам победата на изборите на Претседателот на САД, Доналд Трамп. Убеден сум дека под негово водство стратешкото партнерство меѓу САД и Северна […]

Само поради инает ВМРО-ДПМНЕ го одбива предлогот на СДСМ за укинување ДДВ на храната

Соопштение за јавност Освен дека не им е грижа за стандардот на граѓаните, ВМРО ДПМНЕ потврдува дека само поради инает го одбива предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ за основните производи храна. Предлог законоското решение на СДСМ ќе донесе намалување на цените на храната на над 250 категории производи што значи заштеда за граѓаните […]

Филипче: Денот на ромскиот јазик е потсетник за важноста на културната инклузија и почитување на различностите

Соопштение за јавност   Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го честита Денот на ромскиот јазик – јазик кој е неразделен дел од културата и идентитетот на Ромската заедница, но и на богатството на нашето заедничко мултиетничко општество. „Како Претседател на СДСМ, упатувам искрена честитка до сите граѓани, особено до припадниците на Ромската заедница, кои […]

Со предлог на СДСМ за укинување на ДДВ ќе поевтинат над 250 категории на производи

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – пратеничка Почитувани грѓани, почитувани медиуми, Со усвојување на предлог законското решение на СДСМ за укинување на ДДВ на основните производи храна, граѓаните ќе може да заштедат и до 2.000 денари месечно. Со ова законското решение се опфатени над 250 категории на производи за кои ДДВ то ќе се […]

Николовски: СДСМ реализираше 90% од ИПАРД 2

Соопштение за јавност Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во емисијата „На кавга со Иван“ на Канал 5 телевизија истакна од програмата ИПАРД 1 до 2015 година биле искористени само 10%, а 90% од средствата биле вратени. Програмата ИПАРД 2, во периодот од 2017 до 2023 година има искористеност од 90%. Тоа е огромна разлика, нагласи […]

Најава, прес-конференција, Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ

Најава, прес-конференција, Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ Почитувани, Ве известуваме дека денеска 5.11.2024 (вторник) со почеток во 11.30 часот во прес центарот на Собранието на Република Северна Македонија, прес-конференција ќе одржи Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ. Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот.

Битиќи: Трошоците за храна реално ќе се намалат со предлог-законот на СДСМ за укинување на ДДВ

Соопштение за јавност „Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ кој го поднесовме вистински ќе помогне, не на опозицијата, не на власта, вистински ќе помогне на граѓаните, за да им помогнеме за потрошувачката кошница да се намали“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во вчерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на „Телевизија 24“, […]

До 2.000 денари заштеда за граѓаните со предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ за основните производи

Соопштение за јавност До 2.000 денари заштеда за граѓаните со предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ за основните производи Усвојување на предлог Законот на СДСМ за укинување на ДДВ на основните производи на храна значи месечна заштеда за граѓаните и до 2.000 денари. Со предлог Законското решение на СДСМ се опфатени над 250 категории […]