СДСМ: Каде е милијардата на Мицкоски за борба со загадениот воздух?

Соопштение за јавност   Скопје продолжува да биде меѓу најзагадените градови во светот, граѓаните дишат загаден воздух и во дуги градови. Иако ВМРО-ДПМНЕ ветуваше активна борба со аерозгадувањето граѓаните гледаат дека ниту градоначалниците од оваа партија ниту пак централната власт презема нешто. Во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше 1 милијадра евра инвестиции за заштита на животната […]

Мицкоски сака да го партизира судството, прв на листата беше сопартиецот на Меџити

Реакција на изјавата на Христијан Мицкоски Христијан Мицкоски додека зборува за инсталации веќе се обидува длабоко да влезе во партизација на судството. Прв на листа беше сопартиец на неговиот коалициски партнер Изет Меџити од Демократското движење, Адријан Демири кој пратениците на власта го изгласаа во матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата за член […]

Фрчкоски: Социјалдемократијата мора да го разбие монополот кој го има десницата врз културните, идентитетските и националните прашања

Соопштение за јавност Социјалдемократите и левите либерали треба да ја напуштат како погрешна слепата верба во технолошкиот напредок, како автоматски пат кон еманципација на индивидуата и ослободување на општеството во целина. Тоа е тешка задача, но неопходна за релативизирање на модернистичката парадигма за автоматскиот напредок, рече Јон Фрчковски, директор на Центарот за истражување и анализа […]

Скопје најзагаден град а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Соопштение за јавност Скопје утрово е повторно меѓу најзагадените градови во Европа а ниту градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ниту владата на Мицкоски не преземаат нешто за загадениот воздух. ВМРО-ДПМНЕ е централна власт и локална власт во Скопје, има градоначалници и мнозинство во советите во Скопје, во Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и никој […]

Укинување на ДДВ за храната вистински ќе ги намали цените, кошничките на Владата немаат ефект

Соопштение за јавност Предлог законското решение на СДСМ за укинување на ДДВ на храната вистински и реално ќе ги намали цените на над 250 категории на производи а граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари. Мерката на Владата со така наречените кошнички односно замрзнување на маржите се покажа дека нема никаков ефект и цените не […]

Тренчевска: Цените не се намалија, власта да ги прифати законските решенија на СДСМ

Соопштение за јавност Така наречената мерка на владата за замрзнување на маржите или есенска потрошувачка кошничка е погрешна и беше задоцнета, па освен трговците, граѓаните воопшто не почувствуваа никаков резултат или намалување на цените на производите. Затоа власта треба да го прифати Законот предложен од СДСМ за укинување на ДДВ на храната и за зголемување […]

ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати решенијата на СДСМ за намалување на цените и повеќе пари за граѓаните

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – пратеничка Почитувани, Се потврди тоа што го говоревме и што граѓаните го гледаат секој ден – нема намалување на цените во маркетите, владината мерка не даде резултат. Податоците коишто ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври се намалиле за само 0,1%. […]

Од наводен коректор на политиките на Владата, ЗНАМ се претвори во гума за бришење

Соопштение за јавност, реакија на прес конференцијата на Горан Минчев Денешната прес конференција на министерот за јавна администрација од редовите на ЗНАМ, Горан Минчев потврди дека и тој и неговата партија се безгласна буква во кабинетот на Мицкоски. Минчев потврди дека како прв човек задолжен за реформите во јавната администрација не е дел од владината […]

Најава, прес-конференција, Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани, Ве известуваме дека денеска 08.11.2024 (петок) со почеток во 11.30 часот во прес центарот на Собранието на Република Северна Македонија, прес-конференција ќе одржи Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ. Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот.

Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Соопштение за јавност Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври, кога се спроведуваше владината мерка, се „намалиле“ за само 0.1%. Се потврди тоа што СДСМ го говореше и што граѓаните го чувствуваат секој ден – нема намалување на цените во маркетите. Дебакл на мерките на владата […]