СДСМ: Состојбата е алармантна, над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска – портпаролка Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините секако се лошите економски политики на власта. Состојбата во економијата и во стопанството е алармантна, драстично е намалена ликвидноста во стопанството, фирмите едноставно немаат средства за исплата на плати и обврски а владата не им испорачува навремени средства. Неисплатените обврски […]

СДСМ: Стандардот на граѓаните постојано се намалува а власта одбива да ги покачи платите

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка Почитувани, Животниот стандард на граѓаните од месец во месец постојано се намалува. Најновите податоци покажуваат дека висината на синдикалната кошничка во месец август достигна 65.507 денари. Најголем дел од трошоците на граѓаните одат за храна и пијалоци, над 24.064 денари, додека трошоците за домување, комуналии и хигиена […]

СДСМ до ДПМНЕ: Бадијата лажете, Извештајот на ОЛАФ ги потврдува вашите злоупотреби со Еразмус +

Соопштение за јавност Бадијала се сите лаги пласирани од партиската говорница во Белата палата кога милионските злоупотреби во Еразмус+ водат право до ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотребите во период на ВМРО-ДПМНЕ од 2016 година се потврдени со извештајот на ОЛАФ, кој содржи основано сомнение за злоупотреба на над 2 милиони евра европски пари, со повеќе од 50 физички […]

СДСМ за изборниот законик: Жалиме што се пропушти шансата за прифатлива фер рамка

Одговор на прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Пред ЗКП направивме координација и сите партии освен ДУИ поддржаа 0,5 за независните. Се ризикува изборите да се претворат во хаос. Мора многу внимателно да се разгледаат сите правни аспекти. Жалиме што се пропушти шансата да се стави рамка која беше добра и прифатлива за сите.

Каранфилова-Пановска: Со погрешните политики на власта, иселувањето на младите се засилува

Соопштение за јавност Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на обраќањето пред младите социјалдемократи на традиционалниот младински камп „Трајче Нешковски“ во Охрид остро ја критикуваше власта на ВМРО-ДПМНЕ за погрешните политики и уништувањето на перспективата на младите. „Партизацијата на институциите е груба и на секое ниво. Стручни и квалитетни млади кандидати се отфрлаат, местата се […]

СДСМ: Филмовите на Мицкоски не плаќаат сметки, реалноста е дека трошоците растат а платите стагнираат

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски дека „платите растат по 11, 12, 13 проценти на месечно ниво“ се најголемо потценување и навреда за народот. Мицкоски ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Сака да им каже дека тие не знаат дека во изминати 6 месеци платите „божем“ им пораснале за 66% […]

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение за јавност Злоупотребите со милионите евра од европската програма Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ. Затоа Владата на Мицкоски назначи за в.д. директор на Националната агенција за европски образовни програми лице под активна истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами. Тоа е скандал без преседан што целосно ја урива довербата во институциите. […]

Чупеска: ОЈО мора да постапи и началникот на Тошковски да одговара

Во очаен обид да инсталираат режим, поради страв од сопствена некапацитираност; неспособноста и незаконското постапување на началниците на г-дин Тошковски силеџиски дејствуваат против секоја општа и уставна логика. За тоа, итно треба да бидат изнесени пред лицето на правдата! Очекувам за скандалот во Д.Хисар, ОЈО да постапи согласно своите надлежности кога веќе началникот ги пречекорил […]

СДСМ: Насилникот началник мора да одговара кривично, МВР да не ја заташкува работата со внатрешна контрола!

Откако цели два дена им требаше на МВР да ги видат снимките кои целата јавност ги виде, под притисок на СДСМ и граѓаните, МВР конечно постапи, но ова не е доволно. Добро е познато дека на овој начин МВР сака да го забошоти случајот за нивниот началник, кој е унапреден уште првиот ден кога Тошковски […]

СДСМ: ДПМНЕ ја претвори МНАВ во приватна партиска филијала

Соопштение за јавност Во државата на ДПМНЕ, ни небото не е безбедно од партизацијата која ја псроведуваат секој ден. Институцијата што ја гарантира безбедноста на секој авион што влегува и излегува од македонското небо, М-НАВ, денес е партиска испостава полна со роднини, пријатели и верни војници на партијата. Прво таму се вработува Атанас Стамнов, човек […]