fbpx

Идентитет, сè што треба да знаете

Facebook
Twitter
LinkedIn

Идентитет, сè што треба да знаете

Деновиве се изнаслушав(ме) многу квалификации..секогаш неповикани, недобро смислени, или наједноставно кажани- лоши! Ама сакам да верувам дека тоа не сме ние. Не сме лош народ. Ние Македонците не велиме за други дека не знаат каков идентитет имаат. Не се закануваме едни на други со клетви. Не. Не колнеме. Не посакуваме едни на други смрт, болест, несреќа. Не.

Изнаслушавме реченици со ЈАС сум…Зарем треба некој да ни каже кои сме? Дали не знаеме? Кој може да негира кои сме ние? Никој, ниту ние самите!

Дали идентитет е враќање назад кон корени на туѓо стебло? Кога не сме ни можеле да прочитаме за какво дрво станува збор? Не!

Со идентитетот не се преговара! Никогаш не се преговарало. А секој кој посегнал по преговарање со идентитеот, макар и со пасош од друга држава освен онаа каде сме се родиле, живееме, не завршил добро. Всушност не завршил никако. Нема да биде ни запаметен. Тоа е најголемата казна.

Сакам да верувам дека оваа катарза на општеството е само предвесник и показател дека сме повеќе од спремни за патот каде одиме. Бидејќи оваа битка сега е истата битка која ја воделе нашите предци- за подобро утре, за подобар живот, за посигурна иднина. За што се борел мојот дедо во вторта светска војна? За слобода. За што се бориме ние? За истата кауза. За ништо помалку и ништо повеќе. Што ни е загорозено? Ништо! И никогаш нема ни да ни биде.

Зошто има некој потреба да праша што е идентитет? Зарем не знаеме дека идентитетот ни е Славко Јаневски, Блаже Конески, Киро Глигоров? АКо некој е збунет во однос на својот идентитет бидејќи за претходно споменатите се залагал да ги лустритра, навредува, или да ги “овековечи” во восочна фигура и да ги концепира како жртва на комунизмот, тоа е друго прашање. Не е идентитетско!

Што треба да знаеме за идентитетот?

Идентитет е нашата црква, ја возобновивме Охридската Архиепископија во ликот на Македонската Православна црква, генерации и генерации со исконска љубов го чуваа и го сочувавме идентитетот македонски.

Нашата култура е идентитет. Создадена од стравопочитна далга на уметнички емоции преку кои се роди далекувидо „големо и нешто што ќе трае“. А се роди во врвната акустика на Света Софија, преку ехото на Самoиловата тврдина за да трае и во овој Антички тетар покриен од пластови македонска историја, културно богатство чие откопување започна пред 45 години. Нема педа од македонската земја под која нема запис од цивилизациите, од вековите, од нашето минато, од нашиот историски и културен идентитет.
Нашиот Охрид е потврда на нашиот идентитет и потврда дека сме дел од европската култура. Другото е лага. Нашиот поглед кон минатото не е за да и го завртиме грбот на иднината. Не. Во нашето минато нема ништо од што би се срамеле за да мораме да го вртиме погледот од него.

Се околу нас е идентитет. Од мермерното торзо на божицата Изида, паунот од крстилницата во Стоби, Ангелот од Курбиново, монета од времето на Јустинијан Втори, златната погребна маска од Требеништа, иконата Богородица Епискепсис, дел од фасадата на уникатната Света Софија во Охрид, фасадата на прекрасната Шарена џамија во Тетово и мермерниот под на Исак џамијата во Битола, непроценливите винички теракотни икони, македонската невестинска носија од Прилепско како дел од нашето етнолошко богатство до цветот на македонскиот афион.

И нашиот јазик, и нашата музика, и нашите слики, и нашите книги, и нашите ора, и нашите куќи и нашата кујна – сè е идентитет. И тоа што сме македонци е идентитет, идентитет кој го наследуваме, а од нас зависи дали ќе го надоградиме, ќе го носиме во срцето или само ќе го вртиме по потреба низ уста. Идентитет е и домашното воспитание.

Идентитет е и љубовта кон сопствената култура и уметност, семејство, држава.

На крај, да се убедуваме дека сме Македонци е да се убедуваме дека сега вие овој текст го читате на македонски.

Последни вести