Збор два за капиталното ИЗВИНИ
“Министерке, дали може да ни кажете колку нови згради, колку завршени објекти имате годинава?”
“Завршени? Нема. Работиме на реконструкции.”
Еден од најинтересните наслови кои произлегоа после ова беа дека имало “штурци” на одговорот колку нови згради има изградено Министерството за Култура во 2022 година, одговор кој треба да го даде во октомври, после две пандемиски години. И навистина човек би се запрашал: зарем е можно во една година да се изгради зграда, објект со макар два спрата, куќа, музеј или пак театар? Дали навистина министерката не знае дека треба и да гради или пак оваа Влада, одбива да употребува прехрамбени бои за фарбање на внатрешноста на една монументална градба како национален театар, за по само 10 години да го “опколи” со вреќи со песок за да спречи и најмал дожд да предизвика поплава која ќе ги загрози животите на вработените, а камоли на публиката?
Дали оваа Влада треба да работи “ сезонски” или на долгорочен план? Дали оваа Влада треба да предвиди хидрауличен систем на една градба која треба да служи во наредните 100 години а да не го вгради? Дали треба оваа Влада да отвара и сече ленти на објект од 37 милиони евра и 80 склучени договори за изградба, кој притоа немал ни технички прием? Зошто се брзало? За да се прикажат капитални инвестиции? За да се гради? Или за да се кради? Прашање кое навистина секој би го натерал да размислува. Или можеби секој освен ВМРО ДПМНЕ.
Но сепак, секогаш е до приоритет. Приоритет на ВМРО ДПМНЕ и тогаш а и сега се адхок решенија, приоритет е блокирање на закони и на самиот законодавен ден, приоритет е да глумат лудило во време на криза, приоритет е да најавуваат помпезно афери и да ја превземаат улогата на гилотина а самите сеуште се дават во нивните сопствени? Од каде знаеме дека се дават? Од капиталните инвестиции се разбира. А зошто по капиталните инвестиции? Бидејќи кај ВМРО единствено тлее ванчомихајловистичката мисла и каузаа тоа е таа на уништување. И сега што имаат заедничко Ванчи Михајлов, нивниот идеолог овековечен во музејот на ВМРО и капиталните инвестиции? При последното невреме во Скопје, кое ја натера директорката да постави вреќи околу Стар театар за да не се поплави пак, единствен објект од тој фамозен капитален грабеж е токму музејот каде се наоѓа восочната фигура на идеологот за кој ВМРО ДПМНЕ во 1992, на својот прв партиски конгрес се заколна дека идеолошки ќе го следи. Нели на она ВМРО на кое Михајлов последно бил претседател. И за кое неодамна објавија дека имаат континуитет од 119 години ако не се лажам…да да тешко се оддалечува човек од капиталните инвестиции.
Само сликата на денешен МНТ е доволна да е присутна за да се има претстава како тоа ВМРО ДПМНЕ владеееше и планира да владее. Тоа нит се сменило нит има намера да се смени. Нит во Груево а најмалку во Мицково време.
И пак зошто? Затоа што во време на светски кризи, тие играат мајтап со народот- и тие што не ги гласаме ама и тие што ги гласале. Е тие вторите повеќе болат. Ама пак ВМРО не знае или не сака да знае. Тие во време на криза, ги праќаат своите пратеници да палат, да псујат, да колнат од говорница и да блокираат функционирање на собрание и носење закони за помош на граѓаните. За нив, говорницата е натпревар кој повеќе ќе го обезвредни гласот на оној пто го гласал! Тоа е лицето на ВМРо за време на светска криза.
Лицето на СДСМ е сосема поинакво. Лицето на СДСМ е со одговор на таа криза- пандемија, енергетика, безбедност. Колку и да се тешки одлуките, и колку тоа на “инфлуенсерите” кои урлаа во собрание да убиваат да не им се допаѓа, тоа е одговорност и тоа е како една одговорна партија на власт реагира кога навистина треба помош. А не како во 2014 кога како одговор на светската криза, им се помагало само на одредени категории на граѓани по телефон и според строго одбрана и компилирана листа.
На крај, како ВМРО ДПМНЕ владееше и има визија да владее е видливо во нивното ИЗВИНИ за поддрршката на кандидатурата на Данела Арсовска. Дали нивното ИЗВИНИ е за поддршката или е за тоа дека не успеаа да искрадат она пто им беше во план? Ако ВМРО ДПМНЕ веќе почнаа да се извинуваат, тоа е веќе добра практика. Ама треба да почнат да се извинуваат на секој еден граѓанин за се она низ што поминаа сите за време на нивното владеење, за грабежот од невидени размери, за што слушавме, па до денес кога нивните пратенции земаат народни пари само за да одат до фоајето на сала Макеоднија да се потпишат за патни налози и да си одат во канцеларија, да се извинат за нивните бесмислени блокади, за недонесувањето на законите со маратонски говори, за нивното деструктивно и недолично однесување…..
Вака, нивното капитално извини е како онаа кога крадецот покажува кон друг и вика крадец крадец…