fbpx

Заев и Филипче: 40 отсто повисоки плати во здравството во следните 4 години, уште повеќе вложуваме во здравствениот систем за уште подобра здравствена заштита

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјави за медиуми на претседателот на СДСМ Зоран Заев и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче

Почитувани граѓани и граѓанки

Почитувани лекари, медицински сестри и здравствени работници,

Денеска сум во посета на општата градска болница во Кавадарци.

Пред се да изразам огромна поддршка на нашите лекари и здравствени работници кои пожртвувано и макотрпно 4 месеци се најактивно вклучени во борбата со пандемијата на КОВИД – 19 вирусот.

Вербата во здравствениот систем мора да ја дигнеме на повисоко ниво.

Справувањето со кризата зависи од сите нас подеднакво!

Уште еднаш сакам да упатам молба и апел до граѓаните – Да продолжиме одговорно да се однесуваме и да се заштитиме себеси, најблиските, нашите семејства и да им помогнеме на здравствените работници!

Само заедно можеме да ја надминеме кризата! Што побргу почнеме да ги почитуваме сите мерки на заштита толку побргу и кризата ќе ја оставиме зад нас.

Овие здравствени работници имаат семејства, деца, родители кои ги чекаат да се вратат дома час поскоро. Да им возвратиме на овие луѓе со почит кон пожртвуваноста која ќе значи редовно носење на маска, држење на дистанца од 2 м и редовна дезинфекција на рацете. Ете толку бараат нашите херои од нас!

Да, тие се хероите на денешницата и ја заслужуваат целата наша поддршка и почит.

Во изминатите неполни 3 години направивме многу во здравството. За да ни бидат лекарите и здравствените работници мотивирани да дадат максимум во борбата за животот и здравјето на нашите граѓанин ги покачивме платите во здравството за 40%. Вработивме 780 нови лекари и 1.000 медицински сестри.

Инвестираме во здравство кое ќе биде модерно е европско и кое ќе одговори на потребите на нашите граѓани. Бидејќи ние можеме уште повеќе, уште подобро!

Го подготвуваме здравствениот систем за можен втор бран на пандемијата, вложуваме 33 милиони во одделенијата за интензивна нега.

Продолжуваме со вработувања во јавно здравствените установи за да се јакнат капацитетите.

Секоја година ќе ги зголемуваме платите на здравствените работници и соработници до 10%.

Заедно можеме уште повеќе, уште подобро!

Заедно можеме да изградиме здравство по мерка на граѓаните!

Заедно ќе се справиме со кризата предизвикана од КОВИД-19 вирусот! Да бидеме и ние херои на денешницата, да ги почитуваме мерките!

Во болницата во Кавадарци се направија значајни промени во изминатиот период. Ова беше една од првите болници која стана Општа болница, обединувајќи ги капацитетите на Општата болница и Здравствениот дом под една менаџерска палка.

Со тоа се зголеми бројот на лекари специјалисти, кои работат и во Службата на итна медицинска помош, зголемувајќи го бројот на тимови на оваа многу значајна служба, зголемувајќи го и бројот на возила. Со ова значајно се скрати времето на повик, кој се чекаше во повардариски регион.

Во оваа болница се направија многу инфраструктурни поодбрувања. Се набави медицинска опрема. Се купија ехо апарат, респираторна машина, возило за итна медицинска помош.

Со огромна помош од јапонската амбасада се реновираше и од темел се смени изгледот на педијатриското одделение. Сега дечињата се лекуваат во модерни услови. Секоја соба со посебен тоалет, благодарение на експертизата и искуството на лекарите кои работат во оваа болница добиваат врвна здравствена услуга.

Благодарение на компанијата Алкалоид, целосно и од темел се реновираше еден сосем запуштен дел од оваа болница. Сега има ново интернистичко одделение во коешто пријатно ќе се чувствуваат и вработените и лекарите, медицинските сестри и секако пациентите коишто исто така за се што им е потребно во делот на интерната медицина нема потреба да патуваат во околните градови, здравствената услуга ќе ја добијат во оваа болница.

Во рамките на нашите активности, во борба против ковид-19 билницата ги припреми сите капацитњти. Спремно е едно одделение со 16 кревети, доколку затреба ќе ви превземе и ќе третира пациенти заболени од коронавирусот.

Лекарите и сестрите кои работат тука имаат долгогодишно искуство. Покажаа како пожртвувано се работи во целокупниот овој изминат период. Менаџерскиот тим покажа како со домаќинска работа може да се зајакнат сите делови на болницата.

Во дополнителен буџет од 10 милиони денари се воведува за првпат дежурства на лекари специјалисти во рамките на новиот ургентен центар во рамките на болницата во Кавадарци.

На тој начин граѓаните и пациентите за многу кратко време добиваат услуга од соодветен лекар специјалист. Вработените се задоволни благодарение на зголемените плати. На овој начин ќе продолжиме и понатаму, вака се зајакнува јавното здравство. Вака се стимулираат лекарите, медицинските сестри да работат во државните болници. Да не ја гледаат иднината надвор од нашата земја.

 

Последни вести