Соопштение за јавност
Носителката на листа на пратеници од ИЕ 1 и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска вечерва на трибина во Чаир ги повика чаирчани да гласаат за коалицијата „Можеме“ бидејќи тоа е опцијата којашто ги препознава вистинските вредности и е пример за мултиетничко општество.
„Дел од вас знаат, а дел можеби првпат ќе слушнат дека јас долги години живеев во Чаир. Моето основно, средно и високо образование ги поминав во Чаир, со сите вас. Некои ми беа пријатели, некои соседи. Моето образование ми го даде формалниот аспект, начин на гледање на работите, но Чаир ме научи на посебни работи, на посебни вредности коишто до денеска ги носам во мене. А токму тие вредности кои ги научив во Чаир, а тоа е дека колку повеќе различни сме во една населба, толку посилни сме. Колку повеќе различни сме во една држава, толку похрабри сме, толку повеќе можеме да одиме напред заради тоа што разликите на секој од нас се богатство за државата и општеството. Чаир е како приказ на нашата држава во маало”, рече Царовска.