Соопштение за јавност
Ко-носителот на листа во изборната единица пет – Јован Митрески оствари средба со младите во Струга и притоа ги презентираше мерките за поддршка на млади кои владата предводена од СДСМ ги презема во изминатиот период за поддршка и стимул на младинското вработување, младинскиот додаток и разввојот на претприемаштвото.
Младите се движечка сила во ова општество. Јас јасно ги разбирам нивните проблеми и предизвици во сите области. До сега направивме напори да ги направиме младите приоритет во ова општество
Од сега треба секој од Вас да го даде својот влог и младите да бидат тие кои ќе ги креираат политиките и на национално и на локално ниво.
Младите се приоритет на оваа влади и ќе останат да бидат.
Секој од Вас е важен во развојот на нашата земја затоа се гради држава во која младите ќе остануваат, ќе придонесуваат и ќе напредуваат.
На младите им се даде приоритет, место да се изразат, можност да бидат дел од креирањето политики и ова не застанува тука, рече Митрески.