fbpx

Шекеринска: ВМРО ДПМНЕ е синоним за деструкција, опструкција и проблеми

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Ги повикувам да кажат во која држава за 2 години минималната плата е зголемена за 58 – 60% – нема. И кога ја зголемувавме минималната плат на секое зголемување на минималната плата ВМРО ДПМНЕ излегуваше во јавност и велеше – ова е катастрофа, тие велеа луѓето ќе излезат и ќе протестираат на улица против поголемите плати. Со кој образ сега нудат поголеми плати?, нагласи носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во петата изборна единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Оставија 9.000 денари минимална плата, сега е 5.500 денари повисока. Просечната плата е зголемена за 4.000 денари, значи за 2 години, ние да не заборавиме и да не изумиме дека заради тие насилства во Собранието и заради тој националистички инженеринг, заради таа злоупотреба на емоциите на граѓаните ние 6 месеци немавме Влада. Нашиот мандат којшто треба да се цени не е 4 туку е 2,5 години на политичка Влада, порача Шекеринска.

ВМРО-ДПМНЕ 12 години беа на власт, зошто не ги субвенционираа фирмите за повисоки плати, зошто ги делеа домашните од странските фирми, зошто им даваа привилегии само на странските инвеститори а ниту денар на домашните. Ние тоа го променивме. Секоја фирма што отвора нови работни места, секоја фирма што дава повисоки плати може под исти услови да ја ужива оваа поддршка од Владата, нагласи Шекеринска.

Таа додаде дека ние сме една од ретките држави која во кус временски период успеа да вбризга 500 милиони евра или кај граѓаните или кај фирмите.

Затоа ние немавме удар со голем број на невработени затоа што речиси и да нема дуќан, продавниче кај што ќе прашате дали ги искористивте мерките. Дали чувте еден збор, една фирма да каже дека заради политика не и биле дадени средства, што беше стандард 12 години. Дали една фирма се пожали дека биле под политички притисок од наша страна за гласање затоа што ги добиле. Никој!, нагласи Шекеринска.

ВМРО ДПМНЕ коешто велеше помагајте, помагајте, а во моментот кога требаше да земеме дополнителни 90 милиони евра од СБ од кои 33 ќе одеа за нашето здравство а 57 ќе беа наменети за луѓето кои губат работа за да им се даде моментална помош и поддршка тогаш тие го блокираа таквиот договор со Светска Банка затоа што нивната дополнителен заменик МФ не потпиша, нагласи Шекеринска, додавајќи дека ние сите буџети во министерствата ги скративме за да имаме огромен фонд на пари кои што ќе ги пуштаме кај граѓаните и кај фирмите.

Кога некогаш во историјата на нашава држава 16 годишни деца добиле платежна картичка со која ќе им го олеснат животот на своите родители, кога над 300.000 луѓе добиле шанса да купуваат домашни производи без да извадат пари од џеб? Никогаш, нагласи Шекеринска.

Во моменти на криза не е важно што ќе говорите на прес конференции туку што ќе направите. Ние во ова криза покажавме дека сме подготвени да го носиме товарот и да пуштиме најголем дел од парите кај граѓаните. ВМРО ДПМНЕ во оваа криза го покажа единственото нешто што го правеа овие 2,5 години а тоа е деструкција, опструкција и проблеми, порача носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во петата изборна единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Последни вести