Соопштение за јавност
Носителката на кандидатска листа во ИЕ 1 Мила Царовска на трибина во Скопје ги повика граѓаните да гласаат за Коалицијата “Можеме”.
“Ќе ви кажам само три работи зошто не сме исти и зошто е важно секој од нас да излезе на 15 јули и да заокружи три.
Првата работа што не прави различни од ВМРО-ДПМНЕ е праведност.
За 2,5 години покажавме што е праведност. Праведност е кога на најсиромашните им ги качувата примањата за 300%, напсроти злоупотреба за гласање и поткуп на овие граѓаните. Праведност е да им помогнете на 12.000 стечајци да имаа достоинствен живот, работеле луѓето цел живот. Праведност е да се борите искрено и од срце, а ова јас ви го гарантирам да ја намалите нееднаквоста. Знам не е лесно тоа, но искрено се бориме за тоа. Праведност е да ја покачите минималната плата, да дадете повеќе пари за децата кои немаат еднакви шанси со нивните врсници. Е тоа е драги пријатели праведност. И изборот е праведна земја напсроти неправедна”, рече Царовска.
Царовски посочи дека втората работа што ја нуди коалицијата “Можеме” се вика толеранција и почит.
“Толеранција е кога на лицата со попреченост ќе станат видливи. Кога искрено ќе се бориш тие да бидат еднакви. Почит е кога сите граѓаните ги третираш еднакво, кога сите мерки, си политики се наменети за сите без исклучок. Без рзлика која етничка припадност, каде живеат, кои се. Дали се жени и мажи. Тоа е почит за сите. Ние нудиме единство, тие разединување. Бираме помеѓу вакво општество и општество на поделби, омраза, непочит, нетелоренација”, рече Царовска.
Царовска рече дека третата разлика кијашто е и најважа е насоката на земјата. “Знаеме каде одиме, знаеме што не очекува. Со НАТО обезбедивме сигурност и безбедност, одиме кон ЕУ. Знаеме што ни носат преговорите со ЕУ, повеќе пари, подобар стандард, но и правна држава како за мене најважната придобивка од ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ нуди изолација и враќање назад.
Разлики има уште многу, но избор има само еден. На 15 јули изберете праведна, толернатна, напредна држава, каде секој од вас се цени почитува и напредува”, рече Царовска.