fbpx

Заев за Канал 5: Од граѓаните бараме поддршка за да продолжиме да ги враќаме парите кај граѓаните за минимална плата од 20.000 денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Имаме капацитет да ја трансформираме економијата. Тоа го докажавме изминатите три години, ќе го докажеме и во следниот период и затоа бараме поддршка од граѓаните во среда, истакна претседателот Зоран Заев во вечерашното гостување на Канал 5 Телевизија.

“80 проценти од кампањата ни беше посветена на економските теми. Просечната плата ќе биде 34,000 денари за наредните 4 години. Минималната плата ја зголемивме за 60%, од 9,000 на 14,500. Тоа не е доволно, но е базата која е потребна за раст на сите други плати. Во наредниот мандат, ја зголемуваме минималната плата на 20,000 денари. Покажавме и ќе покажеме дека има пари за се во државата само треба да се работи чесно и одговорно” истакна претседателот Зоран Заев на вечерашното интервју на телевизијата Канал 5.

Ова, додаде тој, е препознаено од граѓаните и затоа очекувам дека на 15 јули ќе ја добиеме поддршката од граѓаните и ќе покажеме дека можеме и повеќе и подобро.

Последни вести