fbpx

Шекеринска: Нашите деца заслужуваат повеќе, немаме право на грешка гласот за број 3 е глас за нив

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Нашите деца заслужуваат повеќе, заслужуваат повеќе од нас, заслужуваат добрина, а не насилство, заслужуваат човечност, а не одмазда и затоа не сме исти, затоа што ние остануваме луѓе, дури и кога сме покрај нелуѓе, порача носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица пет, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на завршната граѓанска трибина во Битола.

Затоа ве повикувам сите да работиме многу. Ги повикувам сите граѓани кои денеска не гледаат да знаат дека овој глас ги испишува страниците на нашата следна историја, нагласи Шекеринска.

Ги повикувам граѓаните да гласаат на 15 јули за бројот 3 зашто немаме право на уште една грешка, затоа што ни е неопходна сигурност, а не страв и насилство, затоа што не сме исти, и затоа што сите ние сакаме да останеме луѓе, повика носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица пет, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

Последни вести