Изјава по гласање на носителката на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2, Сања Лукаревска
-Денеска e празник на демократијата, празник на граѓаните. Граѓаните можат да си го остварат своето уставно право, да излезат да гласаат, затоа што сите гласачки места се безбедни и се почитуваат здравствените протоколи. Ова е ден кога треба да се гласа за концепти. Ден кога со чинот на гласање овозможуваме нашата држава да оди напред, да има економски раст и развој, да има стабилност и сигурност. Затоа секој граѓанин треба да си го оствари своето гласачко право и да гласа за подобро утре на својата држава.