Изјава по гласање на носителката на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 3, Јагода Шахпаска
Почитувани граѓани,
Јас го исполнив моето гласачко право кое ми е дадено согласно Уставот, но и како граѓанска должност.
Верувам дека и останатите граѓани од нашата земја ќе излезат на демократски, фер, слободни избори, како што покажавме изминатите години и ќе гласаат за опцијата за која веќе се определиле.
За разлика од претходните години оваа година гласаме согласно препораките на здравствената комисија и протоколите на Државната изборна комисија заради корона кризата.
Меѓутоа, ги повикувам сите граѓани од нашата земја да излезат и го дадат својот глас за опцијата која што води напред, која што води во Европа, а не опцијата која што води кон враќање назад и во изолација.
Им посакувам добро здравје и вечер да победи подобриот кандидат на изборите.