fbpx

Николоска: Граѓаните на здравствено безбедни, фер и демократски избори одлучуваат за иднината на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава по гласање на носителката на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 6, Фаница Николоска

 

Денеска под едни нови околности предизвикани од корона вирусот го остварив своето право на глас.

Државата и институциите покажаа капацитет дека и во услови на една ваква сериозна пандемија успеаа да организираат здравствено безбедни услови, безбедни за сите вклучени во овој изборен процес.

Граѓаните на овие избори одлучуваат кој ќе ни ја води државата во наредните 4 години, кој ќе се грижи за нашето здравје и кој ќе ги води евроинтеграциските процеси.

Затоа, ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на овие здравствено безбедни избори, фер и демократски, да ја изразат својата волја и да го дадат својот глас, затоа што од нив зависи иднината на нашата држава.

Последни вести