Изјава за медиуми, Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка во ИЕ 5
Заменик претседателката на СДСМ денес во Кичево го презентираше планот за елиминирање на злоупотребата на патни трошоци кои во минатото се случуваа од страна на пратениците.
Тоа е беше тема што беше низ цела држава, сметаме дека граѓаните мора да имаат поголема доверба во своето собрание и во своите пратеници.
Направивме модел во кој сите пратеници надвор од главниот град ќе се обезбеди сместување и ќе се скратат сите трошоци кои се злоупотребуваа и ја урнисуваа довербата во собранието.
Ниту еден пратеник нема да може да се богати на сметка на платните трошоци и ниту еден нема да може да ги злоупотреби парите на граѓаните.
СДСМ нуди грижа за граѓаните, ДПМНЕ нуди погазување на достоинството на граѓаните. Ние нудиме професионални институции, а ДПМНЕ иста стара партизирана администрација и обнова на стравот и изолацијата. На 15 јули граѓаните ќе изберат праведна држава а не режим и страв!