fbpx

Димитров: „Основната причина зошто чекорите кон правда и одговорност се пребавни е токму опозицијата, чиј врвен приоритет во нивната работа е да бегаат од правдата“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Никола Димитров, носител во ИЕ 1

 

 

Во прилог ви ја испраќаме интегралната изјава на Никола Димитров, носител на листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“, кој заедно со претседателот на СДСМ Зоран Заев и кандидатката за пратеничка во ИЕ1 од коалицијата „Можеме” Снежана Калеска Ванчева денес пред Основниот суд во Скопје дадоа изјави за медиумите:

Недалеку одовде на следниот билборд, опозицијата ДПМНЕ има поставено порака: „Правда за сите. Без исклучоци.“ Гротескноста на таа порака народот ја нарекува „држте го крадецот или арамијата.“

Основната причина зошто чекорите кон правда и одговорност се пребавни е токму тоа што за опозицијата во последните години на нивното политичко делување, врвен приоритет е да се бега од правдата, да застаруваат случаи, нивниот напад врз СЈО, не врз поединци коишто се огрешиле од законот, туку напад врз СЈО како институција и нејзината мисија.

Мора да има одговорност за тие што се огрешиле од законот.

Затоа на 15 јули мора убедливо да ги поразиме, за чекорите кон правда да бидат многу посилни и поодлучни.

Битката на чесните против нечесните, притоа не зборувам тука за партии и идеологии, насекаде, и „нашите“ и „нивните“, е најважната битка за нашата иднина и за нашите деца.

Последни вести