fbpx

Заев од Центар: Со одговорни политики градиме правично и праведно општество, успеавме да ги покачиме платите и да ја зајакнеме економијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Водиме исправни политики, покажавме дека има пари за се во државата, се гради по цела држава на секој агол, магистрални, регионални, локални патишта, водоводи, канализации, детски градинки преку 40 се направија, училишта нови се градат, се конструираат постојните, парите сега не одат во споменици, во жални врби, во стиропорни фасади, туку се инвестираат во вистински луѓе за вистински потреби, докажавме дека паралелно со решавање на најголемите прашања за државата, умееме и можеме да ја подигнеме економијата,” рече претседателот Заев на граѓанската трибина во Центар.

„Социјалната помош порасна за 300 проценти и за тие лица сега веднаш се бараме работа. младите преку активни мерки никогаш немале поголема поддршка од државата. Им олеснивме на граѓаните со тоа што им ги намаливме трошоците, успеваме минималната плата да ја зголемиме на два пати и стигнавме до 14.500 денари. ВМРО ДПМНЕ критикуваше дека ќе има масовни отпуштања, но наместо тоа, ние отворивме 65 000 нови работни места. Денеска гледам ВМРО ДПМНЕ зборува за минимална плата и просечна плата, оние кои ги критикуваа покачувањата“, посочи претседателот Заев.

Претседателот Заев потенцира дека и покрај кризата со коронавирусот, економијата е стабилна и може да се носи со сите предизвици.

„Докажавме и во овие четири месеци на корона криза кога економски се урнисува цел свет, и најсилните економии, ние не задоцнивме ниту со еден ден со пензии, со плати, со здравствени трансфери, со социјални трансфери, ќе има и субвенции. Ние докажавме дека оваа земја има пари. Знам дека ќе успееме заедно. Заедно ќе се бориме за секој човек, за секое работно место”, заклучи Заев.

Последни вести