Караванот на трибини „Најдоброто за нашата општина“ на СДСМ продолжува да собира се повеќе поддржувачи, кои ги даваат своите коментари, предлози и критики. На овој начин, СДСМ и идните кандидати за градоначалници и советници ќе ги креираат програмите за локалните избори, кои потоа ќе се преточат во програми за работа на општините.
Доказ за тоа се успешно спроведените преку 7000 проекти во изминатите четири години, кои гарантираат едно општество за сите, раст и развој.
Преку консултации со граѓаните, освен политичките програми, СДСМ ќе ги избира и кандидатите за градоначалници и советници. Во тек се внатрепартиските анкети и испитувања на јавното мислење преку што ќе се изберат најдобрите кандидати за општините.