fbpx

ФИТР го помага технолошкиот развој со 5,7 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Речиси 5.7 милиони евра ќе се распределат за поддршка на 103 компании, чии проекти се одобрени за финансиска поддршка во рамките на јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан раст”.

Како што информира вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во овие компании се вработени 2.149 лица, а најголем број се мали компании, вкупно 69, микро компании се 21 и средни компании се 13.

Споредбено со минатата година и со Јавниот повик за кофинансирани грантови за брзо прилагодување од Ковид-19, а за кој буџетот изнесуваше 1,5 милиони евра, оваа година селектираните компании ќе добијат поддршка во износ од 5,7 милиони евра, што обележува зголемување на финансиите за 280%, при што вкупната вредност на проектите изнесува 11 милиони евра“, кажа Битиќи.

Директорот на ФИТР, Коста Петров извести дека од одобрените проекти, 81 се нови, додека 22 се компании кои веќе се корисници на финансиска поддршка на некој од јавните повици на ФИТР.

Селектираните компании ќе работат на проекти во 16 различни области, најмногу од: технолошката индустрија, градежништво, здравство и земјоделство“, заклучи Петров.

Последни вести