fbpx

Реформите во јавната администрација даваат резултат – напредок во отчетноста и развојот на политики

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реформите во јавната администрација започнуват да го даваат резултатот, а тоа се потврдува со последниот Национален монитор за реформи во јавната администрација 2019/2020 на Институтот за европска политика – ЕПИ. Во извештајот се забележува напредокот на Северна Македонија во развојот на политиките, транспарентноста и отчетноста.

Подобрувањето во развојот и координацијата на политиките се должи на плановите за работа на Владата и извештаите за спроведување на плановите, нешто што претходно не било пракса. Како позитивен аспект се истакнува фактот што овие извештаи се објавуваат редовно и на разбирлив и небирократски јазик за да бидат подостапни за граѓаните.

Транспарентноста и отчетноста досега беа потврдени од повеќе инстанци и институции, а тоа е така и во извештајот на ЕПИ. Како успех се истакнува новиот Закон за слободен пристап до информации, а според анкетираните граѓански организации, овој закон дал резултати и информациите кои ги барале ги добиле во предвидениот рок, бесплатно и во бараниот формат.

Последни вести