fbpx

Опкружен со лица од режимот, Мицкоски нема капацитет за нови политики

Facebook
Twitter
LinkedIn

Иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавува некаква нова програма, нови политики и нови луѓе, реалноста покажува дека неговата партија, а и тој како лидер немаат капацитет за промени и излез од режимската матрица.

Тој е опкружен со лицата на режимот кои биле и ќе бидат од спротивната страна на правдата и против кои се водат голем број на судски предмети.

Најтесното раководство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и дури 2/3 од нивниот извршен комитет е составен од поранешни директори, министри, пратеници, градоначалници избрани од бегалецот Никола Груевски.

Од друга страна, програмата на Мицкоски претставува само уште еден обид за политичка измама, копирајќи ги најуспешните проекти на Владата на СДСМ. Наместо да признае дека проектите кои оваа Влада ги спроведува се успешни, тој  новите вредности во политиките како „Едно општество за сите“, „Парите назад кај граѓаните“ и гасификацијата на земјата ги претставува како свои проекти. На тој начин Мицкоски по кој знае кој пат ги потценува граѓаните, кои знаат дека тие проекти се успешно спроведени од актуелната власт.

Последни вести