Пратениците од партијата Левица повторно најавија дека ќе ги блокираат сите закони предложени од Владата со беспредметни амандмани. Тие заедно со опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со блокади на Собранието, земјата и подобрите политики за граѓаните, наместо да предлагаат решенија за проблемите на граѓаните.
Во рамките на комисите во Собранието пратениците го имаат правото да ги подобруваат предложените текстови за законите, меѓутоа доколку се анализира работата на пратениците на Левица може да се види дека нив го нема на работа во најголемиот дел од времето.
Наместо работа и труд и за подобрување на животот на граѓаните, опозициските пратеници се борат само за ситни дневнополитички поени преку блокади на Собранието и државата, неводејќи грижа дека со тоа се блокираат и законите од кои корист имаат сите граѓани.