fbpx

Градежната офанзива во Скопје продолжува – завршена втората фаза од реконструкцијата на булевар Никола Карев

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми на СДСМ, Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром

Почитувани граѓани,

Град Скопје ја заврши втората фаза од реконструкцијата на булеварот Никола Карев која го опфаќа потегот од крстосницата кај касарната Илинден до Момин поток.

Трасата е во должина од 980 метри, проширен е коловозот на 4 ленти, засадено е разделно зеленило, направени се и мешовити пешачко-велосипедски патеки од двете страни.

Дополнително е изведена и нова атмосферска канализација, потпорен ѕид во должина од 690 метри, а поставено е и ново лед осветлување од двете страни на булеварот.

За реконструкцијата на оваа фаза потрошени се околу 160 милиони денари со вклучен ДДВ од Буџетот на Град Скопје.

Минатата година во рамките на првата фаза беше реконструиран коловозот на потегот од клучката кај Бит Пазар до крстосницата кај касарната Илинден во вкупна должина од 1440 метри за што пристигнаа исклучително позитивни реакции од страна на граѓаните.

Се работи за исклучително фреквентна сообраќајница која најмногу ја користат жителите на Карпош, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Гази Баба, но служи и како транзитна сообраќајница за оние коишто само минуваат низ овој дел на градот.

Булеварот Никола Карев ќе се надоврзе на новата клучка кај Момин поток чија изведба штотуку започна, а со нејзиното завршување значително ќе се намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот.

Во текот градежната офанзива за оваа година реконструираме повеќе главни градски сообраќајници во сите скопски општини.

Покрај реконструкциите на постојните улици работиме и на изнаоѓање на модерни и одржливи сообраќајни решенија кои ќе ги зголемат ефикасноста на градскиот сообраќај и одржливоста на урбаната мобилност во градот.

Градиме по план, ги следиме потребите на нашите сограѓани, кои го го препознаваат најдоброто за Скопје.

Благодарам

Последни вести