fbpx

Безидејниот Мицкоски манипулира, лажно ветува и ги краде проектите на СДСМ! Сега ќе ги враќал и парите назад кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Она што беше водечка идеја од областа на економијата во програмата на социјалдемократите „За живот за сите“, сега на партиската трибина „Македонија за сите луѓе“ ја вети и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, односно враќање на парите назад кон граѓаните. Сепак, Мицкоски копирајќи ја идејата, откри дека парите не би ги вратил директно во џебот на граѓаните, туку преку проекти во образованието, во културата и во спортот.

-Парите назад кај граѓаните е концепт кој е тотално непознат за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Ако Мицкоски навистина сака да ги враќа парите кај граѓаните, воопшто нека не чека, нека почне во сопствената партија, преку враќање на парите што Груевски ги земал од членарините за да купува плацови на Водно, возврати пратеникот Костадин Костадинов.

Власта, пак, покрај тековните проекти за враќање на парите кон граѓаните, како МојДДВ, поради пандемијата креираше и шест пакети мерки за спас на работните места, за враќање на парите кај граѓаните во вкупна вредност од над една милијарда евра. 

-Граѓаните гледаат кој враќа пари назад, а кој граба и краде за да поставува споменици, палми и лажен барок за милионски провизии, заклучи Костадинов.

Последни вести