fbpx

Опозицијата лицемерна, по потреба сепак го користи уставното име на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВМРО-ДПМНЕ и Левица, најгласните политички партии кои се против почитувањето на Преспанскиот договор, што ги отвори портите на евроатлантските интеграции на земјата, по потреба сепак решија да го употребуваат уставното име на државата. Иако во јавноста и пред камерите континуирано го напаѓаат Договорот со Грција, тие сепак го користат уставното име во дописите до службите на Собранието, кадешто блокираат голем број реформски законски решенија.

Од партиите предводени од Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев досега не дадоа конкретен одговор дали ја промениле својата позиција во однос на почитувањето на Преспанскиот договор, иако претходно тврдеа дека договорот со кој Република Северна Македонија се зачлени во НАТО би го промениле или пак поништиле.

Да се почитува Преспанскиот договор претходно порача и американскиот претседател Џо Бајден, кој преку извршна наредба откри дека секој што го прави спротивното ја поткопува стабилноста и безбедноста во регионот и може да заврши на црната листа за влез во САД.

Последно, амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнз на твитер напиша дека остварила средба со Мицкоски, на која го брифирала за извршната наредба на претседателот, Џо Бајден, за Западен Балкан.

Последни вести