Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ постојано презема ефикасни политики кои обезбедуваат македонската економија да биде стабилна, развојна и динамична, да креира услови за економски раст и унапредување на животниот стандард на граѓаните.
Во целост е исплатена еврообврзницата од 2014 година, за која државата досега на годишно ниво плаќаше 20 милиони евра само за камата.
Република Северна Македонија се раздолжи за 500 милиони евра за еврообврзницата, со што државниот и јавниот долг се намали за 4,358 процентни поени.
Буџетот е ликвиден, приходите од почетокот на годината бележат раст од 15,6 отсто во однос на истиот период лани, а расходите се реализираат редовно и навремено.
Официјалните податоци говорат дека економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати.
Просечната плата за месец мај годинава изнесува 28.721 денари. Таа во споредба со просечната плата од јуни 2017 година, која била 22.808 денари е зголемена за 5.913 денари, односно за 25,93 отсто.
Паралелно бележиме и раст на извозот, рекордна економска активност и во Индустриските зони и историски пад на нивото на невработеноста.
Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме со мерки и политики кои градат силна и развојна економија која носи шанса за сите.