fbpx

Северна Македонија изгради пријателски односи, помош пристигнува од многу земји

Facebook
Twitter
LinkedIn

Северна Македонија во изминативе денови е зафатена од голем број на пожари кои предизвикаа голема материјална штета и сериозно нарушување на природните ресурси. Сепак и покрај огромните предизвици, системот покажа дека функционира во заштита на граѓаните и институциите брзо се организираа и за краток рок сите жаришта се ставаат под контрола.

Владата воведе и кризна состојба со која ќе им се овозможи на институциите на посодветен начин да ги планираат и спроведуваат активностите, а ќе овозможи и активирање на сите капацитети со кои во моментов располага Северна Македонија. Обезбедена е и меѓународна поддршка со чија помош побрзо и полесно ќе се справиме со овој тежок предизвик.

Во центарот на сите акции за справување со огнените стихии е безбедноста на граѓаните, но и на пожарникарите, полицијата и армијата, кои прават натчовечки напори за да се изборат со овој сериозен предизвик.

Кризата покажа дека имаме систем и дека земјава ужива меѓународен углед и има изградено пријателски односи со земји во регионот и Европа.

Последни вести