fbpx

Солидарното македонско општество, државата е тука за граѓаните, заеднички ќе ја надместиме штетата од пожарите е пораката на Лукаревска и Попов

Facebook
Twitter
LinkedIn

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска и Организациониот секретар на СДСМ, Мартин Попов, во одвоени теренски посети во Старо Нагоричане и Малешевијата, извршија увид во различни региони на штетите кои ги направија пожарите.

„Како еден од носителите на пратеничката листа во оваа изборна единица на минатите парламентарни избори ќе се заложам за што е можно побрзо санирање на штетите. Со порака за зачувување на вредностите на солидарна држава и солидарно македонско општество, сите заеднички ќе ја надоместиме штетата во Старо Нагоричане и низ целата земја. Ваквите кризи се лекција дека човечноста, солидарноста, единството се поважни од етничките, верските и политичките разлики“, објави на својот фејсбук профил Лукаревска.

„Сите заеднички ќе ја надоместиме штетата во Будинарци, Умлена, Мачево, Иственик и целата држава. СДСМ преку надлежните институции со кои раководи се обврзува на тоа државата да ја надомести штетата на граѓаните и нивните имоти, предизвикана од пожарите, како и да ги санира сите последици по животната средина.“ објави на својот фејсбук профил Попов.

Последни вести