fbpx

Заради спречување на ширењето на вирусот „Ковид-19“ Владата ги прифати мерките на Комисијата за заштита од заразни болести

Facebook
Twitter
LinkedIn

Владата на посебна седница посветена на кризита со пожарите, ја разгледа и итно реагираше во врска со информациите на Комисијата за спречување заразни болести при министерството за здравство за зголемувањето на бројот на новозаразени од вирусот „Ковид-19“.

• До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на „Ковид-19“ мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.

• За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектите, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број најмногу до 1000 посетители, согласно постојните протоколи;

• Од 16 август се воведува потврда за извршена имунизација, најмалку со прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување на доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителси објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани);

• Приложување и поседување потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина се однесува на лица над 18 годиншна возраст;

• Се задолжуваат надлежните инспекциски служби во претстојниот период да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на „Ковид – 19“.

Министерот за здравство, Венко Филипче, одржа координација со директорите на клиниките во Скопје, директорот на Клиничката болница во Тетово и Институтот за белодробни заболувања Козле.

„Навремено ги поставуваме поставуваме здравствените ресурси и разговараме за предизвиците со кои може да се соочиме со новиот бран. Системот е организиран, болниците ги подготвуваме за сите можни сценарија, лекување на ковид пациенти, но истовремено да продолжи да тече редовната програма за итните случаи и пациенти со малигни заболувања како и ротации на персоналот“, напиша на својот фејсбук профил Филипче.

Тој истакна дека во болниците се чувствува притисок за хоспитализации, критични се неколку градови, затоа здравствениот ситем секојдневно го менаџираме.

Последни вести