Владата после усвојувањето на мерките на спречување на ширењето на вирусот „Ковид-19“ веднаш ја информираше јавноста дека ги надомести штетите на угостителите и граѓаните што ќе ги имаат како последица од превентивните мерки на Комисијата за спречување на заразни болести при Министерството за здравство.
Владата водејќи сметка за одржливоста на угостителскиот сектор, како што тоа го стори претходно за време на другите епидемиолошки бранови, во најбрзи рокови ќе разговара и ќе донесе соодветни економски мерки со кои ќе ги надомести последиците. Владата потсети дека најдобар доказ дека властите ги решаваат проблемите се претходните економски мерки со кои ги стимулираше и финансиски гиподдржа угостителите, но истовремено ја потврди убеденоста дека мерките кои ги димензионираше Комисијата за заразни болести се нужни и во интерес на заштита на јавното здравје.
Зголемениот број заболени од „Ковид-19“, што е последица меѓудругото и на непочитување на мерките за заштита, ја принуди Владата да преземе соодветни мерки за да ги заштити граѓаните од натаможна ескалација на заболени, да го зачува здравствениот систем, со засилени протоколи за работа на угостителските објекти. Овој епидемиолошки бран се очекува да биде силен и должност на Владата е да обезбеди максимална заштита на граѓаните, но и да ја стимулира вакцинацијата како единствено и силно оружје за борба со пандемијата.
Слични мерки се спроведуваат во повеќе од 10 земји во ЕУ и секој ден нови земји ги спроведуваат истите мерки, што само по себе е потврда дека се ефикасни и функционираат.