fbpx

Распишани локалните избори, СДСМ е неприкосновен фаворит

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша Решението за распишување на избори за членови на советите на општините, Советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје кои ќе се одржат на 17 октомври годинава согласно законската рамка и роковите утврдени со Изборниот законик.

СДСМ веќе започна со објавување на имињата на кандидатите за градоначалници на некои општини. Ако се следат анкетите на релевантните организации за испитување на јавното мислење СДСМ има убедливо водство пред своите политички конкуренти. Граѓаните ги препознаваат успешните политики со кои Владата на Зоран Заев донесе подобар живот во изминатите години, а кои се пресликуваат и на локално ниво.

На последните локални избори СДСМ освои убедлива победа пред главниот конкурент ВМРО-ДПМНЕ победувајќи во над 90 проценти од општините. Кампањата за изборите официјално започнува на 27 септември, но во текот на изминатите месеци СДСМ беше активен на терен и организираше граѓански трибини со цел да ги слушне мислењата и предлозите на граѓаните за ги вметне во својата програма за локалните избори. Се очекува владејачката партија на овие избори да настапи со решенија на проблемите со цел да донесе поквалитетен живот на сите.

Последни вести