Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави четири јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до три хектари на цела територија на Република Северна Македонија.
Предмет на јавните повици е слободно земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, а предмет на Јавниот повик е давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над кое има долгогодишен насад.
Владата води одговорна и реална аграрна политики во чиј фокус се земјоделскиот развој како еден од основните предуслови за севкупен економски развој.
Намената и времетраењето на закупот на слободното државно земјоделско земјиште е за подигање на долгогодишни насади (оранжерии, лозја, овоштарници) за период до 30 години, подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање на маслинарници за период до 50 години, одгледување на други земјоделски култури и одгледување пчели, ливади, за период до 15 години, за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска височина од 700 метри, за период до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативен активности и рурален туризам, за период до 30 години. Со овие политики обвинувањата на опозицијата дека Владата има неодговорен однос кон природните ресурси, промовира модерен феудализам, раскрчмување на државата и уништување на малите земјоделски стопанства, паѓаат во вода.