Од први август започна пријавувањето за субвенциониран студентски оброк. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 40 илјади активни студенти кои секој месец на својата сметка ќе добиваат по 2400 денари за субвенционирани оброци.
Со оваа владина мерка, со која се покажува реална грижа за младите, на сметките на студентите ќе завршуваат 15 милиони евра, со што тие, но и нивните родители, ќе добијат олеснување за семејниот буџет.
Владата посветено работи во насока на подобрување на условите за живот и економскиот стандард на студентите. Освен субвенционираниот студентски оброк, покачена е и социјалната стипендија за студентите од најранливите семејства.
На тој начин се овозможува на сите студенти, без разлика на имотната состојба на нивното семејство непречено да може да посетуваат настава и да стигнат до посакуваното ниво на образование.