Учебната година започнува во услови на пандемија преку пристап кој обезбедува безбедно и непречено одвивање на наставата, но и заштита на јавното здравје.
Досега е имунизиран 60% од наставниот кадар.Разработени се три сценарија за безбедна и успешна школска година, а изборот на едно од трите сценарија зависи исклучиво од епидемиолошката состојба за што одлука ќе донесе Комисијата за заштита од заразни болести.
Протоколите за постапување на основните и средните училишта се усвоени пред повеќе од еден месец од страна на Владата и веднаш беа доставени до сите училишта со цел да имаат време да се прилагодат. Наспроти заложбите на Владата за континуирано образование на децата и постојаното зголемување на платите на наставниците, опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивните блокади во парламентот. Сега се фокусирани да не успее владината намера одново да се зголемат платите на наставниците со цел да станат попосветени и поодговорни за својата улога, особвено во време на пандемија.
Со ваквото неодговорно однесување ВМРО-ДПМНЕ му наштетува на целиот образовен систем и спречува вистински и професионален развој на учениците.