fbpx

Вулгарниот речник на Мицковски и Апасиев – две страни на иста монета

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВМРО-ДПМНЕ и Левица не можат да се помират со успешните политики на Владата на Зоран Заев и СДСМ, како растот на просечната плата, новите странски инвестиции, зголемување на платите на вработените во ТИРЗ и затоа полна им е устата со навреди.

Мицкоски и Апасиев како политичари и лидери на партии наместо да служат за пример во општеството и во јавниот дискурс, тие политичката битка ја бијат преку недолични навреди и пцовки на социјалните мрежи, со кои, според комуниколозите, единствено може да продуцираат штетни влијанија врз граѓанската јавност.

Последно, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, веројатно во наплив на емоции, вулгарно нападна политички неистомисленик на својот фејсбук профил. На социјалните мрежи Мицкоски се почесто се однесува недолично, односно употребува навредливи зборови и започнува кавги кои завршуваат со пцовки, а се помалку развива конструктивна дебата за суштински политички прашања од кои зависи животот на граѓаните.

Со ваквата комуникација на Мицкоски на социјалните мрежи тој само го надополнува претседателот на Левица, Димитар Апасиев, кој од поодамна е препознатлив во обвинувањата што ги пласира на социјалните мрежи преку лични дискредитации, непримерни коментари и вулгарни пораки.

Во нашата политичка комуникација нискиот стил има своја подолга традиција, но сега, во ерата на социјалните медиуми веројатно го доживува својот врв, а тоа неминовно носи штетни последици. Како што наближуваат локалните избори не се исклучува овие двајца политичари да го заоструваат речникот кон своите противници и неистомисленици.

Последни вести