За претстојните локални избори СДСМ повторно ги има најдобрите кандидати, најшироката коалиција, најдобрите програми, а и најголемата поддршка за што сведочат релевантните анкети.
„Резултатот во победата ќе биде подобар од тоа што беше на парламентарните избори. Очекувам победа во прв круг во Град Скопје и во 30 други општини. Тоа ќе биде поприлично видлива победа и ќе значи потврда и верификација на нашите политики“ кажа премиерот Зоран Заев при неговото гостување во дневникот на ТВ Сител.
Како што кажа премиерот фокусот на сите политики и донесени мерки од страна на Владата е економијата и подобрувањето на стандардот на граѓаните.
„Се фокусираме да ги направиме граѓаните победници, победници кои ќе имаат повисоки примања и подобар амбиент за живеење во нашта земја“ изјави Заев.