Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува капиталните инвестиции да растат бидејќи сега е период на градежни активности и на крајот на годината на ниво на држава да има 80 проценти реализација.
„Во транспорт и врски имаме добро темпо на реализација на капиталните инвестиции. Само во првите два квартали имавме над 37 проценти од нашиот основен буџет на име на капиталните инвестиции. Во овој период капиталните инвестиции растат бидејќи се наоѓаме во период на градежната сезона. Моите очекувања се дека капиталните инвестиции ќе растат и очекувањето е дека до крајот на годината ќе имаме 80 проценти капитални инвестиции на ниво на држава“, изјави Бочварски
Потсети дека и минатата година во време на ковид криза, реализацијата на капиталните инвестиции била 80 проценти.