Грижата за македонскиот национален идентитет е секојдневен процес за одговорна власт која искрено и чесно ги заштитува националните интереси. За разлика од лажните патриоти и опозиционери – популисти, нашата Влада презема конкретни чекори.
Министерството за култура заедно со ФИТР обезбеди 14 милиони денари за 100% финансирање на проект за дигитализација на пет милиони записи на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Целта на овој проект е заштита на изворноста на македонскиот јазик и неговна активна промоција преку дигитализација и полесна достапностна оригиналните записи кои имаат непроценлива вредност и се дел од светското културно наследство.